Владата под концесија ќе ги даде рибите од водите на Преспанското, Тиквешкото и дел од Охридското Езеро, како и водите на шест акумулации и повеќе сливови на реки. Постапката е почната. Повикот е објавен пред десетина дена и се однесува на три концесии за стопански риболов и 25 за рекреативен риболов. Kонцесиите се даваат на рок од шест години, а ќе бидат првпат распределени по електронски пат. Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, концесиите за стопански риболов се однесуваат за Преспанското и на Тиквешкото Езеро, како и за Охридското Езеро на потегот од ХЕЦ „Глобочица“ до местото Далјан во Струга. Минималниот надомест за концесијата на Преспанското Езеро изнесува 8,952 милиони денари, за Тиквешкото 1,175 милион денари и за Охридското 600 илјади денари.
Владата под концесија ќе ги даде рибите од водите на Преспанското, Тиквешкото и дел од Охридското Езеро, како и водите на шест акумулации и повеќе сливови на реки. Постапката е почната. Повикот е објавен пред десетина дена и се однесува на три концесии за стопански риболов и 25 за рекреативен риболов. Kонцесиите се даваат на рок од шест години, а ќе бидат првпат распределени по електронски пат.
Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, концесиите за стопански риболов се однесуваат за Преспанското и на Тиквешкото Езеро, како и за Охридското Езеро на потегот од ХЕЦ „Глобочица“ до местото Далјан во Струга.
Минималниот надомест за концесијата на Преспанското Езеро изнесува 8,952 милиони денари, за Тиквешкото 1,175 милион денари и за Охридското 600 илјади денари.
На електронската аукција ќе одат сите оние што ќе достават понуда, а минимална цена ќе биде најниската понудена. Понудите ќе се отворат на 17 март 2014 година. Kако што вели Ѓорѓиев, може да се јават субјекти што се регистрирани во областа рибарство, а кои според условите треба да достават завршна сметка за состојбата на работењето, да имаат или остварено договор со стручна научно-образовна установа од областа на рибарството или во рамките на својот субјект да имаат вработен кадар со образование од областа на рибарството, како и тоа дека ќе ги исполнат обврските во однос на поседување опрема, рибочувари, одржување на рибниот фонд и слично.
- Ги повикуваме сите заинтересирани да ја искористат оваа можност, да ги искористат условите што се понудени, да конкурираат, да се стекнат со можноста да стопанисуваат со овие риболовни подрачја и на тој начин да овозможат бенефит за своите стопански субјекти и да дадат придонес кон локалниот економски развој и, се разбира, отворање нови работни места - истакна Ѓорѓиев.
Kонцесиите за рекреативниот риболов, како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, се однесуваат на Преспанското Езеро, акумулациите Водоча, Глажња, Липково, Тиквешко Езеро, Црничани, Глобочица, Матка, Треска, како и за сливот на реките Вардар (горно, средно и долно течение), сливот на реката Треска, сливот на Пчиња, Црна Река, Брегалница, Струмица, Црн Дрим и сливот на Преспанското Езеро.
Kонцесијата и овде исто така се дава на шест години, а крајниот рок за доставување понуда е 17 март 2014 година.
Kонцесискиот надомест за рекреативниот риболов е 10 проценти од наплатениот надоместок за вкупно издадените дозволи на годишно ниво. Годишната дозвола што ја издаваат риболовните друштва просечно чини околу 500 денари. Во земјата се регистрирани околу 80 риболовни друштва.
Еден од критериумите за избор на концесионер за рекреативен риболов, како што рече министерот Димовски, е вкупниот број членови на риболовните друштва, како и водењето грижа за одржување на рибниот фонд на одредено ниво.
Димовски информира дека во текот на 2011 и 2012 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во име на Владата реализирала две постапки, при што се доделени три концесии за стопански риболов и 50 концесии за рекреативен риболов.